Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Мишел во Брисел домаќин на неформална вечера ЕУ-Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вечерва во Брисел организира неформална вечера за лидерите од Западен Балкан.

Брисел, 16 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел вечерва во Брисел организира неформална вечера за лидерите од Западен Балкан.

Европската комисија претходно соопшти на состанокот ќе присуствува и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Дипломатски извори за Танјуг изјавиле дека Мишел на вечерата, покрај шесте лидери од Западен Балкан, ги поканил и претседателката на Европската комисија, министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како земја која претседава со Советот на ЕУ.

На состанокот ќе се разговара за состојбите во регионот, интеграцијата во ЕУ и подготовките за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close