0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталМакедонија.СлајдерПолитика

Мишел свикал неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за 16 февруари свикал неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан, на кој ќе учествува и Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска земја актуелен претседавач со Советот на Унијата.

Брисел, 7 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел за 16 февруари свикал неформален состанок со лидерите на земјите од Западен Балкан, на кој ќе учествува и Андреј Пленковиќ, премиерот на Хрватска земја актуелен претседавач со Советот на Унијата.

Според извори од ЕС, на состанокот ќе учествуваат и претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел.

Состанокот, кој ќе се одвива во форма на работна вечера, е свикан во рамки на подготовките за самитот на сите членки на ЕУ и земјите од Западен Балкан што ќе се одржи на 6 и мај во Загреб, пренесува Н1.

Свикувањето на состанокот следи неколку дена откако Европската комисија го објави предлогот за новата методологија за проширување на ЕУ. ЕК предлага нова и построга методологија на преговори за пристапување во ЕУ што беше услов на Франција за отворање на преговорите со С.Македонија и Албанија. вг/са/

Back to top button
Close
Close