Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Мишел: Само мирен и инклузивен дијалог може да ја реши кризата во Белорусија

Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Белорусија

Брисел, 18 август 2020 (МИА) – Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел денеска телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Белорусија.

– Само што разговарав со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата во Белорусија. Единствено мирен и инклузивен дијалог може да ја реши кризата во Белорусија, напиша Мишел на Твитер.

Путин претходно имаше телефонски разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и со претседателот на Франција, Емануел Макрон, при што рускиот претседател истакна дека е неприфатливо мешањето во внатрешните работи на Белорусија. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close