НекатегоризираноСветСвет.Портал

Мишел го повика Рохани да избегне преземање неповретни чекори

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во телефонски разговор го повика иранскиот претседател Хасан Рохани да избегне преземање неповратни чекори и изрази надеж за смирување на состојбата на Блискиот исток.

Брисел, 9 јануари 2020 (МИА) – Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во телефонски разговор го повика иранскиот претседател Хасан Рохани да избегне преземање неповратни чекори и изрази надеж за смирување на состојбата на Блискиот исток.

– Претседателот Мишел потврди дека ЕУ е подготвена посилно да се вклучи со сите страни со цел да се намалат тензиите, се вели во соопштението на Европскиот совет.

Иранскиот претседател Рохани, како што соопшти Брисел, изјавил дека ЕУ отсекогаш имала „стабилизирачка и одговорна“ улога во регионот и оти Иран е подготвен да ја продолжи тесната соработка со Унијата.

Во телефонскиот разговор со иранскиот претседател, Шарл Мишел повторил дека иранскиот нуклеарен договор е важно достигнување што останува инструмент за регионална стабилност. јт/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close