0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Мисајловски: На 15 јули масовно да излеземе на гласање

Носителот на листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ на втората изборна единица, Владо Мисајловски попладнево оствари средба со граѓаните на населба Волково.

Скопје, 26 јуни 2020 (МИА) – Носителот на листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ на втората изборна единица, Владо Мисајловски попладнево оствари средба со граѓаните на населба Волково.

Мисајловски од граѓаните ја побара довербата за изборите на 15 јули и им вети дека и после победата и формирањето на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тој постојано ќе биде меѓу нив, за лично од нив да ги слушне нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат.

Тој упати апел до граѓаните да излезат на гласање во што поголем број и да ги почитуваат сите мерки и протоколи за заштита од коронавирусот.

– Да излезете на гласање во што поголем број за да ја земеме во свои раце иднината и да не дозволиме други да ни ја одредуваат судбината. Јас планирам да oстанам во Ѓорче Петров, нашите деца да останат тука. Но, ако седиме дома и само критикуваме нема да можеме да победиме. Затоа ви благодарам на сите што доаѓате, ви благодарам на сите што одвојувате еден атом од вашата енергија за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, порача Мисајловски.

Ги поздравувам, додаде тој, и оние кои што во минатото гласaле против нас и да им упатам порака дека секогаш се добредојдени во ВМРО-ДПМНЕ за да ни помoгнат, затоа што сите сме заедно во оваа битка.

Мисајловски упати порака и до политичките опоненти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на овие парламентарни избори и дека тие се добредојдени да им се придружат, затоа што, како што рече, ние сите сме луѓе кои што имаме една цела и една идеја – Македонија.фф/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close