0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020ПолитикаПолитички партии

Мисајловски: Граѓаните да го почитуваат утврдениот протокол за денот на изборите, ги охрабрувам да излезат и да гласаат за својата иднина

Во денешното издание на дебатната емисија на „Телевизија 24” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на ИЕ2 на претстојните парламентарни избори, Владо Мисајловски.

Скопје, 24 јуни 2020

Во денешното издание на дебатната емисија на „Телевизија 24” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на ИЕ2 на претстојните парламентарни избори, Владо Мисајловски.

Мисајловски говореше за предизборната кампања, процесот на спроведување на изборите, како и за очекувањата од изборните резултати.

Мисајловски смета дека сигурно би постоело некое понормално и посигурно време за одржување на предвремени парламентарни избори, но ако единствен начин граѓаните да бидат заштитени е одржување на избори во вакви услови, тогаш ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи тоа почитувајќи ги сите протоколи за заштита на здравјето на граѓаните.

“Пандемијата и моменталната ситуација сигурно ќе влијаат врз излезноста на изборите, но сметам дека граѓаните ќе бидат совесни и ќе го почитуваат протоколот кој ќе биде утврден за денот на гласањето. Доколку секој ги почитува мерките, сметам дека граѓаните нема од што да се плашат и дека се ќе помине во најдобар ред. Ги охрабрувам граѓаните да излезат да гласаат, но пред се ги замолувам да ги почитуваат сите мерки”, вели Мисајловски.

Излезноста ќе биде за нијанса помала од сите изминати избори, но тоа не значи дека изборите не можат да се случат. ВМРО-ДПМНЕ секојдневно комуницира со своите членови и симпатизери, ги известува за сите измени во врска со протоколот и настојува на тоа истиот да се почитува.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close