Дописници МКДОпштински вести

Минофрлачка граната пронајдена кај Кичево

Минофрлачка граната од 60 милиметри од непознато потекло е пронајдена денеска попладне над населбата Иванидол кај Кичево, потврдија од ПО на ДЗС Кичево, од каде пиротехничар излегол на самото место за да ја подигне гранатата.

Кичево, 13 април 2021 (МИА) – Минофрлачка граната од 60 милиметри од непознато потекло е пронајдена денеска попладне над населбата Иванидол кај Кичево, потврдија од ПО на ДЗС Кичево, од каде пиротехничар излегол на самото место за да ја подигне гранатата.

– По пријавата од ОВР Кичево, дека над населба Иванидол, е пронајдена минофрлачка граната со калибар од 60 милиметри од непознато потекло, на самото место излезе пиротехничар од ПО на ДЗС Кичево со што убојното средство е преземено и ќе се чува на безбедна локација се до неговото целосно  уништување, рече Драгољуб Попоски од ПО на ДЗС Кичево.

Тој појасни дека потеклото на гранатата е непознато, бидејќи убојното средство е кородирано со експлозивно полнење кое е во функција, и доколку со истото се ракува неправилно, може да предизвика несакани последици по животот и здравјето на луѓето или материјална штета на околината. за/ар/

Таг
Back to top button
Close
Close