0_Спорт.ПорталФудбал

Мино Рајола бара извинување од навивачите на Милан

Мино Рајола, агент на голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, изјави дека навивачите на клубот треба да му се извинат за состојбата со продолжувањето на договорот на фудбалерот во 2017 година.

Милано, 1 јануари 2019 (МИА) – Мино Рајола, агент на голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, изјави дека навивачите на клубот треба да му се извинат за состојбата со продолжувањето на договорот на фудбалерот во 2017 година.

Фановите на „росо-нерите“ беа крајно незадоволни од силното влијание на Рајола врз раководството на Милан и фактот што тој успеа да издејствува за голманот Донарума многу висока плата – 6 милиони евра годишно.

– Навивачите треба да се извинат за Донарума. Треба да кажат: „Мино, бевте во право“. Јас сакав да го испратам во друг клуб затоа што не му верував на Милан. Кажете дека не бев во право, изјави Рајола.

Можеби сум политички неточен и не многу романтичен, но целта ми е да ги направам кариерите на моите играчи што е можно поуспешни. Секогаш се прашувам: „Што би правел ако тој беше мојот син? Парите се само последниот чекор, вели Рајола во изјавата за „Ла Република“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close