Svet.SlajderСветСвет.Портал

Министрите за финансии од Г-20 ветија помош за сиромашните држави

Министрите за финансии и гувернери на централни банки од Групата 20 индустриски најразвиени држави во светот ветија денеска помош за сиромашните држави што имаат долгови и додадоа дека ќе помогнат и на пазарите во развој за да се ограничат негативните последици од пандемијата со Ковид-19.

Ријад, 31 март 2020 (МИА) – Министрите за финансии и гувернери на централни банки од Групата 20 индустриски најразвиени држави во светот ветија денеска помош за сиромашните држави што имаат долгови и додадоа дека ќе помогнат и на пазарите во развој за да се ограничат негативните последици од пандемијата со Ковид-19.

Министрите и гувернерите денеска на видеоконференција се состанаа неколку денови по вонредниот состанок на лидерите од Г-20 кои ветија 5.000 милијарди долари помош за економиите по прогнозите за рецесија поради пандемијата со коронавирусот.

Тие поздравија и план за помош од 160 милиони долари на Светска банка, се вели во соопштение на саудиските власти кои оваа година претседаваат со Г-20. зш/

Back to top button
Close
Close