0_Македонија.ПорталПолитика

Министерството за финансии треба да понуди решенија за справување со нелегалните игри на среќа на интернет од странски приредувачи

Министерството за финансии треба да понуди решенија за справување со нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувач.

Скопје, 17 мај 2020 (МИА) –  Министерството за финансии треба да понуди решенија за справување со нелегалното приредување игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет на територијата на државава.
Владата на денешната седница разгледала и усвоила Информација во врска со справување со нелегалното приредување на игри на среќа од страна на странски приредувачи на интернет игри на среќа на територијата на државава
-На седницата Владата го задолжи Министерството за финансии да достави информација со предлог решенија  како да се спречи одлевањето на паричните средства по основ на противзакско учество на македонските граѓани во странските интернет игри на среќа, како да се спречи пристапот на македонските граѓани до интернет страните на кои се организираат игри на среќа од правни субјекти кои немаат соодветна лиценца согласно Законот и како да се следат паричните приливи до граѓаните стекнати по овој основ, соопшти владината прес-служба.лв/хс/

Back to top button
Close
Close