0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономијаОпштество

Министерството за финансии по основ на доспеани државни хартии од вредност неделава ќе врати 131,7 милиони евра во стопанството

По основ на доспеани хартии од вредност Министерството за финансии утре и на 8-ми март ќе врати 8,1 милијарда денари или 131,7 милиони евра во стопанството, по основ досепани издадени хартии од вредност.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – По основ на доспеани хартии од вредност Министерството за финансии утре и на 8-ми март ќе врати 8,1 милијарда денари или 131,7 милиони евра во стопанството, по основ досепани издадени хартии од вредност.

Утре, како што соопшти Министерството, ќе бидат вратени седум милијарди денари, додека на 8-ми март, за кога нема предвидено аукција, ќе се вратат 1,1 милијарда денари.

На денес закажаната аукција на државни хартии од вредност, понудени се хартии од вредност во износ од 8,1 милијарда денари, односно нето задолжувањето со оваа аукција е нула, информира Министерството за финансии. мч/дма/

Back to top button
Close
Close