0_Македонија.ПорталОпштество

Министерство за здравство: Пациентите кои се позитивни на тестот за коронавирусот во Систина, ќе мора да се тестираат и во ИЈЗ

Министерството за здравство соопшти дека сите пациенти кои се детектираат како позитиви на тестовите на антитела кои ги праби болницата Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за јавно здравје, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека сите пациенти кои се детектираат како позитиви на тестовите на антитела кои ги праби болницата Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во Институтот за јавно здравје, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството.

Во однос на објавите во дел од медиумите за бројот на позитивни случаи од тестираните пациенти во Систина, Министерството за здравство појаснува, како што се наведува во соопштението, дека тестовите кои ги користи приватната клиника Систина се различен тип од тестовите на сите останати институции.

-Имено, тие тестови го детектираат присуството на антитела на вирусот Ковид-19, додека останатите тестови го детектираат директното присуство на самиот вирус. За позитивни се сметаат оние пациенти кои се позитивни на вирусот и исклучиво тие се водат и внесуваат во дневната статистика. Сите пациенти кои се детектираат како позитивни на тестовите на антитела кои ги прави Систина, задолжително треба да направат тест за присуство на вирусот во ИЈЗ, согласно одлуката на Комисијата за заразни болести во министерството, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.ев/

Back to top button
Close
Close