Оригинални текстови

Министерство за правда: Со барања за амнестија нема право и правда во нашата држава

Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ е донесување Закон за Јавно обвинителство кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава.

Скопје, 4 апри 2019

Услов за отпочнување на преговорите со ЕУ е донесување Закон за Јавно обвинителство кој ќе овозможи право и правда и казнивост на криминалот во нашата држава.

Децидно истакнуваме дека, очајничките обиди и надежите за изнаоѓање на креативни решенија со кои во законот ќе се смести скриена амнестија, нема да бидат прифатени. Залудно е секое инсистирање на неказнивост и скриена амнестија.

Право и правда во нашата држава може да има само со продолжување на кривичното гонење и финализирање на судски постапки против сегашни и поранешни високи функционери на политички партии

Шансите за договор зависат од тоа колку ВМРО- ДПМНЕ ќе се држи цврсто до насоките од нивниот менаџер од Будимпешта. Крајно време е Мицкоски да се преиспита што му е поважно: дали европската иднина на нашите граѓани или спасот на оној кој му ја менаџира партијата од Будимпешта.

Министерство за правда

___________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close