0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Министерот задолжен за дијаспората, Адеми во посета на Црна Гора

Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска и утре престојува во работна посета на Црна Гора.

Скопје, 24 февруари 2020 (МИА) – Министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска и утре престојува во работна посета на Црна Гора.

За време на престојот во Подгорица, планирана е средба со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ и директоротот на Управата за дијаспора, Предраг Митровиќ.

Во фокусот на разговорите ќе биде зајакнувањето на билатералната соработка за прашања поврзани со дијаспората, како и размена на мислења за искуствата на двете држави со УНЕСКО.

Предвидено е министерот Адеми да се сретне и со претставници на македонските здруженија во Црна Гора. ац/бак/

Back to top button
Close
Close