0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Министерот за спорт на Велика Британија преговара за преместување на финалето на ЛШ од Истанбул во Лондон

Во тек се тешки преговори меѓу британската влада, УЕФА и други страни за тоа каде треба да се одржи финалето во Лигата на шампионите, изјави денес британскиот политичар Мајкл Гоув.

Лондон, 9 мај 2021 (МИА) – Во тек се тешки преговори меѓу британската влада, УЕФА и други страни за тоа каде треба да се одржи финалето во Лигата на шампионите, изјави денес британскиот политичар Мајкл Гоув.

Во финалето, кое е закажано за 29 мај, ќе учествуваат Манчестер сити и Челзи. Натпреварот треба да се игра во Истанбул, но местото е под знак прашалник, бидејќи британската влада ја вклучи Турција на „црвената листа“ на земји за патувања поради ситуацијата со коронавирусот.

-Во моментов, во тек се деликатни преговори. Мојот пријател и колега Оливер Доуден (министер за дигитална технологија, култура, медиуми и спорт на Велика Британија) разговара со луѓето за ова сега, и затоа не сакам да зборувам. Но, сигурен сум дека британските навивачи би сакале да го видат финалето тука во Велика Британија, рече Гоув.

Веќе се појавија шпекулации дека финалето во Лигата на шампионите може да се одржи на „Вембли“ во Лондон. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close