КултураКултура.Портал

Министерот за култура Исмаили се сретна со градоначалникот на Пробиштип

Министерот за култура Хусни Исмаили денеска се сретна со градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов.

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Министерот за култура Хусни Исмаили денеска се сретна со градоначалникот на Општина Пробиштип Драган Анастасов.

На средбата, како што информира Министерството за култура, градоначалникот го запозна министерот со тековните проекти што Општината ги реализира во насока на подобрување на состојбите во делот на културата.  Меѓу проектите се целосна реконструкција на киносалата „Рудар“ и изградбата на регионалниот научен музеј за ретки минерали со што збирката од над 250 експонати наскоро ќе добие свој оригинален простор.

Со реализацијата на проектите, како што се наведува, Општината Пробиштип ќе ја збогати својата автентична туристичка понуда.

Министерот Исмаили ја изрази подготвеноста на Министерството за култура за поддршка на културни активности што би се реализирале во оваа Општина. мд/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close