КултураОригинални текстови

Министерот за култура Адеми присуствуваше на концерт на тенорот Раме Лахај

Министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Македонската опера и балет присуствуваше и ги поздрави присутните на гала-концертот на познатиот светски тенор Раме Лахај.

5 април 2019 

Министерот за култура Асаф Адеми синоќа во Македонската опера и балет присуствуваше и ги поздрави присутните на гала-концертот на познатиот светски тенор Раме Лахај. На концертот заедно со Лахај настапија и други реномирани имиња како сопранот од Русија, Венера Гимадиева, баритонот Кирил Манолов и мецосопранот Марика Поповиќ. Гала-концертот се одржа во рамките на седмото издание на фестивалот „Сцена на албанската сериозна музика“, организиран од Здружението „Алегретто“.

Маестро Лахај денеска ќе одржи и мастер-клас за млади уметници. Раме Лахај е еден од најистакнатите пејачи во неговата генерација и е добитник на престижни оперски признанија. Редовно настапува со светски познати изведувачи на оперските сцени ширум светот, во Париз, Москва, Хелсинки и на многу други места.

Министерство за култура

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close
Close