БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Министерот за финансии на Грција задоволен од постигнатиот договор на Јурогруп

Позитивната одлука на Јурогруп треба да биде почетна точка за уште поамбициозни, идни, европски иницијативи со будно око за справување на последиците од коронавирусот, но и со погледот насочен кон враќањето на економијата во нормала, вели министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас за синоќешната одлука на еврогрупата, одлука за која додава дека била постигната преку компромиси, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Атина, 10 април 2020 (МИА) Позитивната одлука на Јурогруп треба да биде почетна точка за уште поамбициозни, идни, европски иницијативи со будно око за справување на последиците од коронавирусот, но и со погледот насочен кон враќањето на економијата во нормала, вели министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас за синоќешната одлука на еврогрупата, одлука за која додава дека била постигната преку компромиси, јави дописничката на МИА од Атина.

Стајкурас коментира дека е „задоволителен договор што нуди нови финансиски алатки“ за справување со социјалните и економските последици од ширењето на коронавирусот, но и пакет мерки за справување како со актуелната здравствена криза, така и со подоцнежното реорганизирање на европските економии.

-Целта на овој пакет мерки во вкупна висина од над 500 милијарди евра е зајакнување на здравствените системи, зајакнување на ликвидноста во реалната економија, ограничување на ширењето на невработеноста и зајакнување на социјалната кохезија. Во однос на неопходното рестартирање на економијата, предвидува формирање фонд за обнова, финансиран од „иновативни финансиски алатки“, како и користење европски фондови, преку преуредување на следната повеќегодишна финансиска рамка, рече Стајкурас.

Во однос на справувањето со здравствената криза, објасни дека договорот предвидува зголемено финансирање на компаниите од Европската банка за инвестиции, како и спроведување привремена програма за гарантирање на работните места. ср/

Back to top button
Close
Close