СветСвет.Портал

Министерот за безбедност на Индонезија го спореди новиот коронавирус со жените

Министерот за безбедност на Индонезија, Мохамед Махфуд беше мета на остри критики откако го спореди новиот коронавирус со жените

Џакарта, 28 мај 2020 (МИА) – Министерот за безбедност на Индонезија, Мохамед Махфуд беше мета на остри критики откако го спореди новиот коронавирус со жените.

–   Пред некој ден добив порака од пријател, кое гласеше: Короната е како твојата сопруга. Прво се обидуваш да ја контролираш, потоа сфаќаш дека не функционира тоа. И тогаш ќе се научиш да живееш со нејзе, истакна Махфуд.

Неговата изјава наиде на жестоки реакции од активисти и други Индонезијци.

Владата на Индонезија планира да ги укине карантинските мерки во некои делови од земјата и да се подготви за, како што е наведено, „новата нормалност“.

– Дали ќе останеме затворени засекогаш? Можеме да се прилагодиме на ситуацијата и истовремено да се грижиме за нашето здравје, изјави Махфуд.

Во Индонезија регистрирани се 24.538 лица инфицирани со Ковид-19, од кои 1.496 починале, а оздравеле 6.240 луѓе. ки/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close