0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderЕкономијаПолитика

Министерот Сугарески во увид на повеќе градежни активности во Охрид

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска беше во работна посета на Охрид, каде изврши увид во градежните активности околу целосната реконструкција на улицата „Абас Емин“, една од поважните сообраќајници во градот.

Охрид, 6 јули 2020 (МИА) – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска беше во работна посета на Охрид, каде изврши увид во градежните активности околу целосната реконструкција на улицата „Абас Емин“, една од поважните сообраќајници во градот.

-Со градоначалникот разговаравме за сите актуелни проекти што ги работи централната власт во градот, но и проекти што ги спроведува локалната самоуправа. Улицата „Абас Емин“ главно се реконструира со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, но и со дел средства обезбедени од општинскиот буџет. Паралелено на сите активности се работи на транзитот во Охрид преку ЈП за државни патишта, се работи и на голем дел водоводи и канализациски мрежи, рече Сугарески.

Тој информираше дека преку Министерството се обезбедени милион евра за изградби на локални улици и патишта, што ќе биде олеснување за општината бидејќи покрај општинскиот буџет државата ќе помогне за реализација на сите општински проекти.

-Исклучително сум задоволен од градежната офанзива насекаде низ државата, релизацијата на капиталните инвестиции во Министерството и „Македонија пат“ е сериозно порасната. Санирани се регионални патишта во сите осум плански региони, со очекувања динамиката де продолжи со цел реализирање голем број проекти во владината програма но и на програмата на Општина Охрид, рече Сугарески.

Реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ е проект вреден 45 милиони денари, а предвидува целосна издградба на нова сообраќајница, со поставен нов цевковод за атмосферска и фекална канализација, нова водоводна мрежа, како и површинско уредување со асфалт и тротоари. Предвидено е зафатот да трае околу една година.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески рече дека сложеноста на самиот зафат условува подолг временски период за негова реализација. На терен се поставува целосно нова водоводна и канализациска мрежа, на сообраќајница за која воопшто нема подземен катастар така што во самиот процес на работа се наидува на огромен број диви приклучоци од станбени објекти, невпишани подземни инсталации, односно непредвидливи зафати што го усложнуваат процесот. аб/сст/

 

Back to top button
Close
Close