0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Министерот Османи утре во официјална посета на Црна Гора

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на црногорскиот колега, Ѓорге Радуловиќ.

Скопје, 21 јануари 2021 (МИА) – Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, утре ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на црногорскиот колега, Ѓорге Радуловиќ.

Како што соопшти МНР, во рамките на посетата Османи ќе има средби со целиот државен врв на земјата. Покрај со неговиот хомолог, Османи ќе оствари средба и со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, со претседателот на црногорскиот Парламент Алекса Бечиќ, со претседателот на Владата Здравко Кривокапиќ, како и со потпретседателот на Владата Дритан Абазовиќ.

-Се очекува, на разговорите да бидат потврдени блиските и пријателски односи меѓу двете земји, но и детално разгледување на начините како да се продлабочи соработката, особено економската, која треба да ги следи многу добрите политички односи, преку изнаоѓање на нови форми и содржини за збогатување на трговската размена, наведуваат од МНР.

Во споделувањето на мислења и ставовите посебно внимание, се посочува, ќе биде ставено на соработката во рамките на НАТО, како земји сојузници и во процесот на интеграцијата во Европската унија, во која двете држави имаат заедничка цел и перспектива. Во тој контекст, ќе се разговара и за регионалната соработка и иницијативи, кои имаат клучна улога во развојот на добрососедските односи и нивното значење за меѓусебната соработка и европската иднина на секоја земја поединечно и регионот како целина, стои во соопштението. вг/дма/

 

Back to top button
Close
Close