0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталДописници МКДЕкономијаОпштински вести

Министерот Димковски во посета на Општина Дебрца, презентиран повикот за програмата „Млад земјоделец“

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски денеска престојуваа во работна посета на Општина Дебрца.

Охрид, 10 февруари 2020 (МИА) – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски денеска престојуваа во работна посета на Општина Дебрца.

Одржаа работен состанок со претставниците на локалната самоуправа на кој станало збор за состојбите и проблемите на земјоделците во општината.

Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески ги информирал владините претставници за проектите што општината ги реализира преку Програмата за рурален развој.

На состанокот директорот на АФПЗРР Бабовски го презентираше денеска објавениот повик за мерката „Млад земјоделец”, што предвидува неповратна финансиска поддршка од страна на државата во висина од 20 илјади евра за секој поединец што има намера да отпочне земјоделска дејност, преку преземање постоечко или со воспоставување ново земјоделско стопанство. аб/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close