0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Министерот Чулев во работна посета на ПО Шуто Оризари

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета на Полициското одделение Шуто Оризари каде истакна дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори.

Скопје, 26 јануари 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна посета на Полициското одделение Шуто Оризари каде истакна дека главен фокус во работењето на Министерството за внатрешни работи во овој период е обезбедување услови за организирање на фер, демократски и мирни избори.

На средбата Министерот беше запознаен со актуелната безбедносна состојба во општината и последните статистички податоци поврзани со криминалитетот на локално ниво.

Министерот Чулев потенцираше дека полицијата е служба на граѓаните и дека полициските службеници мора да работат во интерес на граѓаните и имаат обврска да го гарантираат мирот и безбедноста на државата. вј/ев/

Back to top button
Close
Close