0_Македонија.ПорталДописници МКДПолитика

Министерот Чулев: На подрачјето на Велес зголемен број на кривични дела за илегална трговија со наркотици

Министерот за внатрешни Наќе Чулев инфирмира дека при денешната посета на СВР Велес со неговите колеги разговарале за криминалитетот на подрачјето на Општина Велес.

Велес, 28 февруари 2020 (МИА) – Министерот за внатрешни Наќе Чулев инфирмира дека при денешната посета на СВР Велес со неговите колеги разговарале за криминалитетот на подрачјето на Општина Велес. Клучни точки биле борбата со илегалната трговија со наркотици. Тој информира дека е зголемен број на кривични дела за илегална трговија со наркотици.

-Истовремени како недостаток од функционирањето на СВР беше детектирано немање на кривични дела злоупотреба на службена должност и корупција, појасни Чулев.

Тој информира дека разговарале за организирање на фер, мирен и демократски процес при што веќе се спроведуваат обуки на колегите коишто ќе учествуваат во изборниот процес од страна на СВР Велес. Воедно дополнително ќе се издадат прирачници и мобилни апликации за полицајците коишто ќе бидат ангажирани на денoт на изборите.

-Беше дискутирано да се направи акциски оперативен план за спречување на сите изборни нерегуларности на подрачјето на СВР Велес. Истовремено од страна на колегите ќе биде доставен список до министерот за внатрешни работи во однос на кадровски и материјално технички потреби со цел организирање на регуларен изборен процес, појасни министерот Чулев.

Одговарајќи на новинарско прашање министрот Чулев информира дека СВР Велес има недостиг на инспектори и полицајци. Воедно немаат соодветен простор и имаат проблем во откривањето на кривичните дела од областа  на наркотиците, а проблемот е криминалистичкото вештачење.

-Во иднина треба да се забрза процесот на криминалистички вештачења сѐ со цел процесуирање на овие дела  од областа на илегалната трговија со наркотици. Има простор за подобрување, а моите забелешки беа во насока на преземање поинтензивни активности со оглед на тоа дека немаат ниту едно дело во областа на злоупотреба на службено дело и корупција и мислам дека тука затаиле службите. Во  она што значи класичен криминалитет тука има подобрување на подрачјето на СВР Велес, информира министерот Чулев.ад/ир

Таг
Back to top button
Close
Close