Дописници МКДОпштествоОпштински вести

Министерот без ресор Бајрам во посета на Општина Велес и на ромското население 

Министерот без ресор задолжен за импементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам денеска ги посети велешките Роми на улицата „Богдан Каракостев“, каде е изграден потпорен ѕид и други инфраструктурни проекти.

Велес, 15 јануари 2020 (МИА) – Министерот без ресор задолжен за импементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите Музафер Бајрам денеска ги посети велешките Роми на улицата „Богдан Каракостев“, каде е изграден потпорен ѕид и други инфраструктурни проекти.

Воедно, градоначалникот на Велес Аце Коцевски најави дека општината планира изградба на обиколен пат кој ќе ги поврзе сите куќи каде живеат велешките Роми од високата левата страна на градот, а за кој очекуваат одобрение од надлежното Министерство.

Министерот Бајрам и градоначалникот Коцевски на средбата со граѓаните Роми разговараа за проблемите со кои се соочуваат.

– Континуираното подобрување на инфраструктурата и интеграцијата на Ромите во општествените текови во државата, преку вложување и инвестирање во условите и можностите за подобар и поквалитетен живот, ќе ја зајакнат ромската заедница во секој поглед, изјави министерот Бајрам.

Градоначалникот Коцевски информира дека  улицата  „Богдан Каракостеве една од локациите каде Општина Велес во изминатата година изгради потпорен ѕид со кој се овозможија побезбедни услови за движење на граѓаните од овој висок дел од левата страна на градот.

Тој воедно најави дека изготвен е основен проект за изградба на обиколен пат кој ќе ги поврзе сите делови каде живее ромско население во овој дел од градот.

Коцевски информира дека проектот е во вредност од десет милиони денари и чека одобрување финансиските средства од надлежното Министерството.

Тој потенцира дека заложбите на Општина Велес беа и понатаму ќе бидат воведување на еднакви можности меѓу сите заедници и дека ќе продолжат со градежните и други активности за подобрување на животот на ромската и останатите заедници, односно за сите граѓани на Велес.ад/фф/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close