Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Министерката за култура Ирена Стефоска во Битола оствари средба со градоначалничката Наташа Петровска

На Меѓународниот ден на спомениците на културата и локалитетите, министерката за култура Ирена Стефоска заедно со градоначалничката Наташа Петровска и директорката на НУ Завод и Музеј-Битола ја посетија Јени џамија и извршија увид на реконструкцијата на џамијата, како и на истражувачкиот процес околу новите арехолошки наоди за некогашната црква во тој дел на градот.

Битола, 18 април 2021 (МИА) – На Меѓународниот ден на спомениците на културата и локалитетите, министерката за култура Ирена Стефоска заедно со градоначалничката Наташа Петровска и директорката на НУ Завод и Музеј-Битола ја посетија Јени џамија и извршија увид на реконструкцијата на џамијата, како и на истражувачкиот процес околу новите арехолошки наоди за некогашната црква во тој дел на градот.

На прес-конференција во Битола, градоначалничката Петровска најави посебна финансиска поддршка за заштита на новите арехолошки наоди и програма за промоција на Јени џамија и некогашната црква во центарот на градот.

-Заштитата на културно историското наследство што го има нашиот град и низа археолошки наоди како богатство, реставрацијата и конзервацијата се значајни од аспект на зголемување на потенцијалот и развојот на туризмот и тие придонесуваат за економскиот развој на општината, но и за зачувување на нашиот идентитет како дел од мозаичната слика на глобално ниво, гледана од аспект на културно идентитетска препознатливост. Битола од секогаш како град покажувала дека е место за соживот на сите етникуми, а потврда за тоа е и локацијата каде има археолошки наоди за постоење на црква во минатото, а сега и џамија. Како градоначалник на првата наредна седница на Советот на Општина Битола ќе предложам Општина Битола да донира финансиски средства со цел да се заштитат ископините во центарот на градот, односно арехолошките наоди од некогашната црква со што ќе покажеме дека умееме практично да ги чуваме и сочуваме нашите вредности и нашата привлечност како град за туристи, секако по завршувањето на ковид-кризата, истакна Петровска.

Градоначалничката Петровска и директорката на битолскиот Музеј, Мери Стојанова ја информираа министерката за култура Ирена Стефоска за реализација и на други проекти од нивна надлежност. мт/ац/

Таг
Back to top button
Close
Close