0_Македонија.ПорталОпштество

Министерката Мизрахи посети две згрижувачки семејства во Крушево

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, во Крушево ги посети семејствата Теља и Христовски кои се згрижувачки семејства на деца и лица со посебни потреби. На средбата со згрижувачките семејства министерката се запозна со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат овие семејства грижејќи се за лицата кои имаат потреба од поголемо внимание, грижа и љубов, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.

Скопје, 10 февруари 2020 (МИА) – Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, во Крушево ги посети семејствата Теља и Христовски кои се згрижувачки семејства на деца и лица со посебни потреби. На средбата со згрижувачките семејства министерката се запозна со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат овие семејства грижејќи се за лицата кои имаат потреба од поголемо внимание, грижа и љубов, информира денеска Министерството за труд и социјална политика.

Семејствата ја информирале министерката дека децата се големо богатство за нив и дека тие се грижат како вистински родители на овие деца, а особено за нивното здравје, воспитување, образование и оспособување на самостоен живот и работа.

Семејството Теља е згрижувачко семејство кое се грижи за две лица, мало дете од 8 години и лице од 40 години со посебни потреби, додека Семејството Христовски се грижи за деца од 18 и 12 години.

-Навистина сум среќна кога ќе видам и запознам хумани луѓе кои својата несебична љубов им ја пренесуваат децата, посебно на деца кои имаат поголема потреба од љубов и грижа. Тие прават големи дела и сум убедена дека овие деца ја добиваат вистинската нега и љубов која им е потребна, вели министерката Мизрахи.

Министерството за труд и социјална политика, како што се вели во соопштението, ќе продолжи и во иднина во рамките на своите законски надлежноси, да презема активности за подобрување на положбата на овие деца и подигне нивото на заштита на начин што овие деца и лица се ставаат под старателство, се сместуваат во мали групни домови, згрижувачки семејства или се определува друг облик на заштита, во зависност од возраста на лицата, неговите потреби и интереси и можностите на државата. сст/дма/

Back to top button
Close
Close