0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Министерката Царовска во Велес на дебата за реформи на стручното образование

Во тек е имплементирање на реформа на средното стручно образование за тоа да ја оствари својата примарна цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Министерството за образование и наука  спроведува анализа за да ја утврди соодветноста на постојните образовни профили кои им се потребни на компаниите, но не се вклучени во наставните програми.

Велес 4 февруари 2021 (МИА) –  Во тек е имплементирање на реформа на средното стручно образование за тоа да ја оствари својата примарна цел во креирање квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот. Министерството за образование и наука  спроведува анализа за да ја утврди соодветноста на постојните образовни профили кои им се потребни на компаниите, но не се вклучени во наставните програми.

По тој повод министерката Мила Царовска денеска учествуавше во дебатата со директорите на средните училишта од Велес, сопственици на компании, претставници од Стопанската комора на Македонија и Центарот за стручно образование и обука и од локалната власт.

-Целта на оваа соработка или социјален локален дијалог којшто го имаме со компаниите, училиштата и општините е преку социјален дијалог да ги утвдуваме профилите кои ќе се образуваат  во средните стручни училишта, рече Царовска.

Додаде дека со години наназад по инерција се отвораат паралелки или струки, а дека сега се обидуваат компаниите да им предложат колкав број од учениците можат да ги примат кај себе на пракса или преку дуалните паралелки за да може што поголем број ученици да поминат на часови по пракса во компаниите, а притоа училиштето да се прилагоди и да отвори профили коишто ќе се  школуваат од наредната учебна година.

-Сметам дека на овој начин сервисираме за потребите кои ги имаат компаниите, а сега во моментот се пријавуваат како недостаток на пазарот на труд.Овој континуитет треба да продолжи и понатаму затоа што после овие средби ги задолжуваме училиштата согласно дискусијата  од овие средби да достават барање до МОН за отворање на таков тип на профили коишто им се потребни на компаниите, од една страна. Но, од друга страна, конкурсот оваа година ќе биде создаден заеднички преку социјален дијалог наместо да биде кабинетски тоа го утврдат училиштата и МОН, појасни министерката Царовска.

Taa  информира дека анализата на Министерството за образование и наука, во која учествуваа 450 компании, покажа дека дури 85 проценти се подготвени да соработуваат со средните стручни училишта и да примаат ученици на практична настава, нешто што е многу важно за создавање стручен и квалитетен кадар.

Градоначалникот Аце Коцевски потенцира дека ако се создаде силна врска меѓу учениците и компаниите, добиваат сите, и младите луѓе, и компаниите. За нас како општина, рече тој, е важно што на тој начин истовремено се поттикнува и локалниот развој.

Средните стручни училишта низ градовите конечно треба да станат места каде што ќе се креира квалитетен стручен кадар којшто е баран на пазарот на трудот, а компаниите места каде што учениците може да очекуваат вработување, смета Коцевски.

Инаку, социјалниот дијалог за идентификување на потребите на компаниите се одвива под мотото „Учи паметно, работи стручно“Министерството за образование и наука за реализација на процесот соработува и има поддршка од Амбасадата на Швајцарија. ад/хс/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close