Дописници МКДОпштество

Мини саемот на книги во Делчево збогатен со нови изданија

Мини саемот за книги во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево збогатен со нови наслови. Покрај ,,Просветно дело", „Арс Ламина“ и „Антолог“, како што информираат од библиотеката, свои дела изложи уште една издавачка куќа.   

Делчево, 16 април 2021 (МИА) – Мини саемот за книги во Јавната локална библиотека „Илинден“ во Делчево збогатен со нови наслови. Покрај ,,Просветно дело”, „Арс Ламина“ и „Антолог“, како што информираат од библиотеката, свои дела изложи уште една издавачка куќа.

-Станува збор за издавачката куќа „Знаци на времето“од Скопје. Меѓу новите наслови кои ќе им бидат на располагање на читателите ќе ги издвоиме „Патот кон Христа“,„Вера зад бодликавата жица“, „Темели на среќниот дом“, „Совети за животот и исхраната“„Новиот Завет“ и „Археологија на Библијата”, истакнаа од библиотеката.

Додадоа дека досега мини саемот на книги ја заинтересирал читателската публика од Делчево.

-Интересот е голем имајќи предвид дека се реализира во време на пандемија. Ова значи дека заинтересираните ги почитуваат мерките за заштита, со задолжително носење на заштитни маски и држење растојание, додадоа од ЈЛБ ,,Илинден”.

Саемот ќе трае до 30 април секој работен ден и се реализира како дел од одбележувањето на 23 Април – Светскиот ден на книгата. вс/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close