Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Минхен воведува задолжително носење маски на јавни места

Поради зголемувањето на бројот на заразени лица, главниот град на сојузната германска покраина Баварија, Минхен, повторно воведува строги епидемиолошки мерки, вклучително и обврска за носење маски на одредени јавни места.

Минхен, 21 септември 2020 (МИА) – Поради зголемувањето на бројот на заразени лица, главниот град на сојузната германска покраина Баварија, Минхен, повторно воведува строги епидемиолошки мерки, вклучително и обврска за носење маски на одредени јавни места.

Како што заклучи кризниот штаб на градот Минхен на состанокот одржан денеска, од четврток ќе се воведе забрана за собирање повеќе од пет лица на јавни места и обврска за носење маски на јавни места каде обично се собираат многу луѓе, како што е главниот плоштад – Мариенплац

Премиерот на Баварија, Маркус Содер сака да воведе обврска за носење маски на јавни места во сите баварски места кои припаѓаат на т.н. жаришта, т.е. места каде што се евидентираат повеќе од 50 новоинфицирани лица на 100.000 жители во период од седум дена.

Во моментов во Баварија, Минхен и Аугсбург спаѓаат во таа категорија. Во споредба со другите германски метрополи, Минхен е град со најбрз раст на новоинфицирани.

Во други градови, како Келн, Хамбург и Берлин, бројот на нови инфекции на 100.000 жители во рок од една недела е многу помал. Во Берлин има 21.

Баварската влада треба да донесе одлука за натамошните мерки во вторник, а се разгледува забрана за алкохол на јавни места и пократко работно време за кафеаните.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер објасни дека ситуацијата во овој град е комплицирана бидејќи се уште не е можно да се дефинираат изворите на ширење на заразата.

Октоберфест требаше да се одржи во Минхен минатиот викенд, но беше откажан поради пандемијата. Октоберфест во променета форма сега се одржува во некои пабови.

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сојузните држави се состануваат следната недела за да разгледаат какви мерки за борба против ширењето на инфекцијата треба да бидат воведени со доаѓањето на есента и зимата. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close