0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Минесота ја прекина серијата од 13 последователни порази

Џејмс Меклахин ги предводеше „волците“ со 24 поени и 11 асистенции, Малик Бизли постигна 23 поени и 10 скокови, додека Карл-Ентони Таунс беше на асистенција од „трипл-дабл“ - 22 поени, 13 скокови и 9 асистенции.

Минесота, 9 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарите на Минесота ги совладаа фаворитите Лос Анџелес Клиперс со 142:115 и со тоа ја прекинаа серијата од 13 последователни порази во НБА лигата.

Џејмс Меклахин ги предводеше „волците“ со 24 поени и 11 асистенции, Малик Бизли постигна 23 поени и 10 скокови, додека Карл-Ентони Таунс беше на асистенција од „трипл-дабл“ – 22 поени, 13 скокови и 9 асистенции.

Кај Клиперси, најдобри беа Каваи Леонард со 29 поени и Пол Џорџ со 21, но тоа небеше доволно да го избегнат високиот пораз.

Резултати во НБА

Орландо – Милвоки – 95: 112
Шарлот – Далас – 100: 116
Детроит – Њујорк – 92:95
Индијана – Њу Орлеанс – 117: 124
Торонто – Бруклин – 119: 118
Минесота – Л.А. Клиперс – 142: 115
Л.А. Лејкерс – Голден Стејт – 125: 120
Феникс – Денвер – 108: 117
Сакраменто – Сан Антонио – 122: 102

Таг
Back to top button
Close
Close