Општински вестиСкопје

Минатата недела намален бројот на огнови на отворено во Скопје

Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 13 до 19 февруари на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала само пет пријави од граѓаните.

Скопје, 21 февруари 2020 (МИА) – Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во периодот од 13 до 19 февруари на телефонскиот број 193, кој е дел од кампањата „Пријави оган на отворено“, регистрирала само пет пријави од граѓаните.

Како што соопшти Град Скопје, сите пријавени огнови на отворено во текот на изминатата недела се проследени кај градските инспектори за да покренат постапка против сторителите.

Во сезоната со зголемено загадување на воздухот, Градот Скопје ја продолжи кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193. Градот Скопје преку својот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, и се справуваат со огновите на отворено.

Оваа кампања се спроведува трета година по ред и досега има одлични резултати.

Градот Скопје и Бригадата за противпожарна заштита апелираат граѓаните да ги пријавуваат сите случаи на палење оган на отворено, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат, стои во соопштението. нд/сп/

Back to top button
Close
Close