СветСвет.Портал

Минатата година украдени криптовалути во вредност од околу 300 милиони долари

Во дванаесет големи хакерски напада врз берзите за трговија со дигитални валути минатата година се украдени криптовалути во вредност од над 292 милиони долари.

Лондон, 10 јануари 2020 (МИА) – Во дванаесет големи хакерски напада врз берзите за трговија со дигитални валути минатата година се украдени криптовалути во вредност од над 292 милиони долари.

Само во еден напад, врз сингапурскиот КоинБене, кој се случи минатиот март, се украдени криптовалути чија вредност се проценува на околу 105 милиони долари.

Во текот на 2019 година, 11 напади резултирале со кражба на имот, додека во еден напад врз израелскиот сајт Коинмама се украдени 510.000 кориснички податоци. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close