0_Магазин.ПорталЗанимливости

Минал 15 километри закачен на шофершајбна од камион (видео)

Тој и камионџијата всушност биле сопатници. По меѓусебна расправија следела пауза на еден паркинг, а човекот по бермуди тргнал пешки по автопатот.

Мајами, 5 август 2020 (МИА) – На автопат во американската сојузна држава Флорида, човек облечен во маица и домашни куси панталони, минал 15 километри закачен на шофершајбната од камион со две приколки.

Тој и камионџијата всушност биле сопатници. По меѓусебна расправија следела пауза на еден паркинг, а човекот по бермуди тргнал пешки по автопатот.

Додека потоа камионот минувал крај него, скокнал на хаубата и почнал да удира по шофершајбната со рацете и со челото. Возачот, без оглед на сѐ, не застанал цели 15 километри. Видеото покажува дека тој дури и се обидува да го турне својот сопатник долу, нишајќи го возилото и со нагли сопирања.

Во еден момент, човекот на хаубата се свртува кон автомобилот откаде што го снимаа настанот, врескајќи: „Јавете се в полиција!“

Лицето со камерата сведочи дека мажот исто така користел метален предмет за да ја скрши шофершајбната.

Човекот со крвави раце и глава е задржан в болница на 72-часовна проверка на здравствената состојба. Нема податоци за посериозни повреди.  си/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close