0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаРезултати

Милвоки триумфира во дербито со Бостон

Милвоки започна и обезбеди двоцифрена разлика уште во првите пет минути од дуелот и успеа да ја задржи до крајот. Покрај Адетокумбо, на „елените“ им помогна и Донте Дивинченцо со 19 поени, додека Брук Лопез реализира 16. Тие ги водеа Бакс до својата петта последователна победа и десет од последните 11 натпревари.

Милвоки, 17 јануари 2020 (МИА) – Јанис Адетокумбо постигна 32 поени, а Крис Мидлтон додаде 23 во победата на Милвоки со 128:123 над Бостон во меч од регуларниот дел од НБА.

Милвоки започна и обезбеди двоцифрена разлика уште во првите пет минути од дуелот и успеа да ја задржи до крајот. Покрај Адетокумбо, на „елените“ им помогна и Донте Дивинченцо со 19 поени, додека Брук Лопез реализира 16. Тие ги водеа Бакс до својата петта последователна победа и десет од последните 11 натпревари.

Кемба Вокер забележа 40 поени и 11 скока, додека Маркус Смарт додаде 24 поени за Селтикс, кои загубија во два последователни дена и по петти пат во последните седум натпревари.

Бостон речиси стигна 27 поени негатива, но на крајот не дојде до целосен пресврт.

Резултати од НБА:

Њујорк – Феникс – 98: 121
Милвоки – Бостон – 128: 123
Њу Орлеанс – Јута – 138: 132 по продолжение
Голден Стејт – Денвер – 131: 134 по продолжение
ЛА клиперс – Орландо – 122: 95

Таг
Back to top button
Close
Close