0_Спорт.ПорталКошаркаРезултатиСпорт.Слајдер

Милвоки преку шампионот Торонто до 50. победа оваа сезона во НБА-лигата

Тимот на Милвоки бакс ја забележа победата број 50 во тековната НБА-сезона, откако ноќеска на гостински терен го совлада бранителот на трофејот Торонто репторс.

Торонто, 26 февруари 2020 (МИА) – Тимот на Милвоки бакс ја забележа победата број 50 во тековната НБА-сезона, откако ноќеска на гостински терен го совлада бранителот на трофејот Торонто репторс.

Најзаслужни за триумфот на Бакс беа Крис Мидлтон со 22 поена и осум скока и Јанис Адетокунбо со 18 поени и 17 скока.

Резултати на натпреварите од НБА-лигата одиграни ноќта меѓу вторник и среда:
Индијана – Шарлот 119:80
Торонто – Милвоки 97:108
Чикаго – Оклахома Сити 122:124
Денвер – Детроит 115:98
Лос Анџелес лејкерс – Њу Орлеанс 118:109
Портланд – Бостон 106:118
Голден Стејт – Сакраменто 94:112.

Најуспешен тим на Запад е ЛА лејкерс со 44 победи и 12 порази, Милвоки е лидер во Источната конференција со биланс 50 победи и осум порази. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close