0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

Милвоки по втор пат во клупската историја ја освои шампионската титула во НБА

Екипата на Милвоки бакс рано утрово го победи Феникс санс на домашен терен со 105:98 и го освои шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Милвоки, 21 јули 2021 (МИА) – Екипата на Милвоки бакс рано утрово го победи Феникс санс на домашен терен со 105:98 и го освои шампионскиот трофеј во НБА-лигата.

Најзаслужен за триумфот на Бакс во шестиот меч од финалната серија е Јанис Адетокунбо кој постигна 50 поени и 14 скока.

Кај гостите најпродуктивни кошаркари беа Крис Пол со 26 и Девин Букер со 19 поени.

Ова е прв трофеј за Милвоки по пауза од 50 години. Претходно тимот стана првак во 1971 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close