Политички партии

Милошоски: Тутунарите се незадоволни од третманот на власта, како пратеничка група ќе вршиме притисок трудот и маката да им се исплати

Денеска давам изјава од посетата на Демир Хисар и Крушево. Главната тема на средбите со граѓаните е катастрофалниот откуп на тутун и гледаме дека производителите на тутун се многу незадоволни. Прво од ниската откупна цена и второ од декласирањето на тутунот според некоја методологија на мустри кои што не одговараат на квалитетот на произведениот тутун и трето од тоа што гледаат дека во државата за жал некои стопански субјекти блиски до власта увезуваат ориентален тутун што претставува директна конкуренција и го загрозува производството на домашниот тутун.

Back to top button
Close
Close