0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Милошоски: Работните групи на власта и опозицијата на средба за законот за ЈО до крајот на неделава

Договорено е работните групи на власта и на опозицијата за законот за јавно обвинителство да имаат средба до крајот на неделава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Скопје, 22 јануари 2020 (МИА) Договорено е работните групи на власта и на опозицијата за законот за јавно обвинителство да имаат средба до крајот на неделава, изјави денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

-Во текот на вчерашниот ден имаше координативен состанок на два члена од двете групи, од владејачката и онаа на опозицијата за динамиката за законот за јавно обвинителство, кој како предлог ни беше доставен пред неколку дена. И договорено е да имаме средба на двете работни групи, секоја група со свои забелешки и аргументи, најдоцна до крајот на оваа недела, истакна Милошоски во прес-салата на Собранието.

Тој изрази надеж дека на таа средба ќе има размена на аргументи на конструктивен начин што, како што рече, ќе можат да ги приближат ставовите за еден усогласен, согласно венецијанските стандарди на комисијата, законски текст кој би можеле да го усвоиме со поширок консензус.

Одговарајќи на новинарско прашање, Милошоски рече дека на самата работна средба што би ја имале со колегите од владејачката коалиција, со нивниот правен тим, би ги изложиле своите забелешки, аргументи или одредени аномалии со кои сметаме дека текстот може да се унапреди.

Прашан за законот за јавно обвинителство, Милошоски посочи дека во преодните и завршни одредби на овој предлог-закон има еден механизам кој, како што рече, очигледно прејудицира вдомување на досегашните обвинители од тимот на Катица Јанева во Обвинителството на сегашната обвинителка Вилма Рускоска.

-Ние сметаме дека контраверзите што ги следеа овие обвинители и ова Обвинителство, особено противзаконското земање високи хонорари спротивно на Законот за обвинителска служба и Законот за плати на обвинители не би требало да им даде повластен третман за таква една привилегија, рече Милошоски. мд/ац/

Back to top button
Close
Close