0_Спорт.ПорталФудбал

Милик го чека зимскиот преоден рок, тој беше блиску до трансфер во Рома

Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик изјави дека го чека зимскиот преоден рок за да оди во нов клуб.

Неапол, 13 октомври 2020 (МИА) – Напаѓачот на Наполи, Аркадиуш Милик изјави дека го чека зимскиот преоден рок за да оди во нов клуб.

Претходно беше објавено дека за 26-годишниот Полјак се заинтересирани Рома, Јувентус и Тотенхем.

– Беше чудна година поради пандемијата. Нашиот настап не беше најдобар, бидејќи завршивме седми. Поминавме низ многу тежок момент, вклучително и поради промената на тренерот. Потоа имаше пауза поради коронавирусот. Но, сезоната заврши добро, бидејќи го освоив првиот трофеј во мојата кариера.

Сега ќе го чекам следниот преоден рок и се надевам дека има соодветни клубови. Физички сум добро, тренирав индивидуално, изјави Милик за „Sportowefakty.pl“ .

Милик во Наполи дојде од Ајакс во 2016 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close