0_Магазин.ПорталПатувања

Милијардерот Маезава бара партнерка за патувањето во вселената

Јапонецот има 44 години и е прв сопственик на билети за туристичко патување на Месечината, организирано од Спејс-икс и закажано за 2023 година. Познат е и по тоа што само пред неколку дена преку Твитер на своите следачи им подели девет милиони долари.

Токио, 13 јануари 2020 (МИА) – Милијардерот Јусаку Маезава објави оглас во којшто бара придружничка на неговото вселенско патување, но и воопшто – во животот.

Јапонецот има 44 години и е прв сопственик на билети за туристичко патување на Месечината, организирано од Спејс-икс и закажано за 2023 година. Познат е и по тоа што само пред неколку дена преку Твитер на своите следачи им подели девет милиони долари.

Неговиот вкупен имот се проценува на две милијарди долари. Основач е на најголемиот јапонски трговски синџир за облека – Зозо.

– Полека ме обземаат чувства на осаменост и празнина. Затоа, постојано размислувам за едно нешто: Сакам да сакам една жена, напиша Маезава на својата интернет-страници.

Во објавата се вели и дека не би било никаков проблем ако не знаете јапонски.

– Сакам да најдам животна партнерка и од вселената да испратам порака за нашата љубов и мир во светот, додава Јапонецот.

Жените кои имаат над 20 години може да се пријават на неговата интернет-страница. си/ми/

Таг
Back to top button
Close
Close