0_Магазин.ПорталЗанимливости

Милијардер нападнат поради фалбаџиство во време на изолација

Некои од следачите тоа го сфатија како фалбаџиство и како подбивање и потсмевање со „обичните смртници“.

Лос Анџелес, 31 март 2020 (МИА) – Милијардерот Дејвид Гефен го избриша својот Инстаграм профил, откако следачите виртуелно „го нападнаа“ поради објава за тоа како тој се самоизолирал на својата суперјахта од 590 милиони долари.

„Зајдисонцето синоќа… Се надевам сите сте безбедни“, објави Гефен во саботата објавувајќи неколку фотографии од својата јахта што во овој миг се наоѓа кај карипските Гренадински Острови.

Некои од следачите тоа го сфатија како фалбаџиство и како подбивање и потсмевање со „обичните смртници“. Профилот сега е недостапен за јавноста.

Богатството на Гефен изнесува 7,7 милијарди долари.  си/сд/

Таг
Back to top button
Close
Close