0_Македонија.ПорталЕкономијаПолитика

Милевски – Зутер: Продолжува соработката меѓу Северна Македонија и Швајцарија

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер истакнувајќи ја важноста на континуитетот на зедничкиот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“,  наменет за иновативни и инвестициски проекти со цел да се намалат диспаритетите во планските региони.

Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Министерот за локална самоуправа Горан Милевски оствари работна средба со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер истакнувајќи ја важноста на континуитетот на зедничкиот проект „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“,  наменет за иновативни и инвестициски проекти со цел да се намалат диспаритетите во планските региони.

– Проектот е поддржан од Швајцарската Агенција за развој и соработка, а министерството успешно го спроведува, рече Зутер.

Како што се наведува во соопштението од Министерството за локална самоуправа, осврнувајќи се на значењето на регионалниот развој, како клучна поента во тековниот проект, Милевски изразил благодарност за поддршката од швајцарската Амбасада, истакнувајки го пријателството и билатералната соработка помеѓу двете земји.

Разгледувајќи ги тековните активности на проектот, Зутер и Милевски изразиле задоволство од успешното спроведување, при што истакнаа дека постои заемна заложба за продолжување на соработката и преку втора фаза. ев/са/

Back to top button
Close
Close