0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Милер: Ќе се обидеме да постигнеме ран гол против ПСЖ

Играчот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер ги сподели своите размислувања во пресрет на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ (прв натпревар - 2:3).

Минхен, 12 април 2021 (МИА) – Играчот за врска на Баерн Минхен, Томас Милер ги сподели своите размислувања во пресрет на реванш натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите против ПСЖ (прв натпревар – 2:3).

– Би биле среќни да создадеме многу шанси како на првиот натпревар. Во критичните периоди, треба да донесеме подобри одлуки. Направивме анализа. Ќе пристапиме на натпреварот како што обично правиме. Многу е важно да се балансираат ризиците во индивидуални ситуации. Нема да брзаме со глава во нападот, но ќе се обидеме да постигнеме ран гол, изјави Милер.

Реваншот меѓу ПСЖ и Баерн е закажан за утревечер со почеток во 21 часот на „Паркот на принцовите“ во Париз. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close