0_Македонија.Портал0_Спорт.ПорталДописници МКДОпштествоОстанато

Милена Стојановска државен јуниорски првак во кикбокс лајт

Милена Стојановска од Кикбокс-клубот „Патриот“ од Крива Паланка е државен првак во јуниорска конкуренција во кикбокс лајт контакт дисциплина за девојки под 60 килограми.

Крива Паланка, 24 февруари 2021, ( МИА) – Милена Стојановска од Кикбокс-клубот „Патриот“ од Крива Паланка е државен првак во јуниорска конкуренција во кикбокс лајт контакт дисциплина за девојки под 60 килограми.

Стојановска настапи во две категории на првото национално кикбокс-првенство за 2021 година што се одржа викендов во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на Кикбокс маитаи федерацијата на Република Северна Македонија.

– Ова државно првенство во организација на Кикбокс-федерацијата беше за сите возрасни категории и во сите дисципли: на татами поинт фајт, лајт контакт и кик лајт; лоу кик, а нашата Милена Стојановска настапи во кик лајт јуниорки, каде го освои првото место во категорија под 60 килограми и се закити со титулата државен првак. Стојановска се натпреваруваше и во сениорка конкуренција, лајт контакт ринг дисциплина, каде заврши третопласирана, откако најпрвин беше прогласена за првак, за потоа судиите да ја променат одлуката и да ја прогласат за третопласирана. Во секој случај, ние сме презадоволни од постигнатите резулати и продолжуваме да работиме и да се подоготвуваме за претстојните првенства во текот на годината, изјави Никола Величковски, тренер од „КБК „Патриот“.

На Првото национално првенство за сите возрасни категории настапија 184 натпреварувачи од вкупно 24 кикбокс-клубови од државата. ид/хс/

Back to top button
Close
Close