БалканБалкан.Портал

Милановиќ ќе оди во Јасеновац, но не и во Блајбург

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ најави дека ќе оди во логорот од Втората светска војна Јасеновац, но оти не би сакал да одржи говор затоа што тоа е комеморација.

Загреб, 4 март 2020 (МИА) – Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ најави дека ќе оди во логорот од Втората светска војна Јасеновац, но оти не би сакал да одржи говор затоа што тоа е комеморација.

– Тоа не е политички собир. Тој бил тоа, неизбежно, во некои околности. Се надевам дека сме доволно зрели да отидеме таму во достоинствена колона, да положиме цвеќе и да се сетиме на тоа што се случи таму и пред се да си покажеме на себеси дека сме нормални и хумани, рече синоќа Милановиќ во интервју за РТЛ.

Во исто време тоа рече дека нема да оди во Блајбург, каде се одржуваат комеморации за усташи кои биле стрелани таму на крајот од Втората светска војни, и оти е познат неговиот став за тоа. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close