0_Спорт.ПорталФудбал

Милан заинтересиран за Лукас Васкез, фудбалерот не сака да остане во Реал

Играчот за врска на Реал Мадрид, Лукас Васкез може да го напушти клубот ова лето. Дваесет и деветгодишниот фудбалер не планира да го продолжи договорот кој истекува оваа година.

Милано, 5 март 2021 (МИА) – Играчот за врска на Реал Мадрид, Лукас Васкез може да го напушти клубот ова лето. Дваесет и деветгодишниот фудбалер не планира да го продолжи договорот кој истекува оваа година.

Наспроти ова, Милан се заинтересира за Шпанецот, бидејќи „росонерите“ бараат офанзивен играч за врска по десната страна, пренесува „MilanNews“.

На 19 натпревари во Ла Лига оваа сезона, Васкез постигна два гола и оствари четири асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close