0_Спорт.ПорталФудбал

Милан се спаси од пораз против Парма и остана лидер во Серија А

Милан ремизираше со Парма (2:2) синоќа во 11. коло од Италијанското фудбалско првенство. Гостите поведоа со 2:0 со головите на Ернани и Јасмин Куртиќ, двоен стрелец за „росонерите“ беше Тео Ернандез.

Милано, 14 декември 2020 (МИА) – Милан ремизираше со Парма (2:2) синоќа во 11. коло од Италијанското фудбалско првенство. Гостите поведоа со 2:0 со головите на Ернани и Јасмин Куртиќ, двоен стрелец за „росонерите“ беше Тео Ернандез.

Милан со 27 бода останува лидер во Серија А. Парма има 11 бода на 14. место. Во следното коло, Милан ќе игра со Џенова на гости, а Парма ќе гостува кај Каљари.

Миланезите се 23 последователни натпревари без пораз (17 победи, 6 нерешени средби) во Серија А. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close