0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Милан преговара со Расинг Клуб за Сарачо

Двата тима сега треба да ја утврдат цената на трансферот за 21-годишниот Аргентинец. Јужноамериканците вршат притисок за 25 милиони евра, но се склони кон преговори, додека „росонерите“ се подготвени да се разделат со 15 милиони евра за да гопривлечат талентираниот фудбалер.

Милано, 26 февруари 2020 (МИА) – Како што пренесува „Калчомеркато“, Милан постигнал договор со играчот од средниот ред Матијас Сарачо, кој го носи дресот на Расинг Клуб.

Двата тима сега треба да ја утврдат цената на трансферот за 21-годишниот Аргентинец. Јужноамериканците вршат притисок за 25 милиони евра, но се склони кон преговори, додека „росонерите“ се подготвени да се разделат со 15 милиони евра за да гопривлечат талентираниот фудбалер.

Милан се обиде да го привлече играчот во зима, но тогаш клубовите не дојдоа до консензус.

Сарачо е офанзивен фудбалер од средниот ред, но може да игра на двете крила. Оваа сезона тој има 17 натпревари со 4 гола и 1 асистенција во нив.

За него се заинтересирани и шпански екипи, но претпочита да го носи „црвено-црниот“ дрес

Таг
Back to top button
Close
Close