0_Спорт.ПорталФудбал

Милан повтори клупски рекорд од 1973 година

Фудбалерите на Милан попладнево ја совладаа Фиорентина со 2:0 со головите на Алесио Ромањоли и Френк Сеси.

Милано, 29 ноември 2020 (МИА) – Фудбалерите на Милан попладнево ја совладаа Фиорентина со 2:0 со головите на Алесио Ромањоли и Френк Сеси.

„Росонерите“ ја продолжија низата со постигнат гол во италијанскиот шампионат на 29 натпревари. Ова е повторување на клупскиот рекорд поставен во периодот 1972-73 година.

Во следното коло Милан ќе играат против Сампдорија и ако постигне гол на овој меч ќе постави нов рекорд. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close